Evropskiot parlament (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 18 | Nivo: Praven fakultet

Содржина
Вовед........................................................................................................................3
Состав и седиште на Европскиот парламент.......................................................5
Организација на Европскиот Парламент.............................................................6
Овластувања на Парламентот.............................................................................13
Парламентот и неговата политичка улога.........................................................14
Повеќејазичноста во Парламентот.....................................................................15
Заклучок................................................................................................................16
Користена литература.........................................................................................17
ВОВЕД
Секоја национална држава, секоја федералистичка организација својата основна легитимност и легитимитет ги црпе од преставничкото тело. Па така ако како конкретен пример ја земеме нашата држава ќе забележиме дека како најмоќно и најавторитетно тело би требало да се појави нашето Собрание. Тоа е секогаш така бидејќи преставничкото тело во мнозинство од случаевите е избирано непосредно од страна на населението и на тој начин содржи висок степен на одобрување на широката народна маса тоа да егзистира во тој состав.
Наспроти овој доминантен концепт во државните и федералистичките организации, ситуацијата во Европската Унија може да се рече дека е во мошне голем обем поинаква, пред се имајќи го во предвид историскиот аспект. Како и секоја друга организација, унија, сојуз, така и Европската Унија содржи свое преставничко тело, непосредно избрано од населението на државите членки на Унијата, меѓутоа од друга страна пак степенот на моќ и авторитет е во голема мера помал за разлика од класичните општества. Токму основното прашање на оваа тема е дали зголемувањето на авторитетот и моќта на Парламентот ќе овозможи доближување до еден силен федералистички концепт и до многу потесна европска интеграција? Стартот на европските инеграциони процеси всушност започнува со формирањето на Европската заедница за јаглен и челик и на тој начин започнува и формирањето на првите институти, чии позиции и организациска структура во голем обем ќе се задржат и во понатамошните реформи, нови договори, заедници итн. Првиот преставнички орган на ЕЗЈЧ, од кого и всушност потекнува денешниот Европски Парламент е Заедничката Асамблеја. “Ако се направи увид во одредбите со кои се уредуваат надлежностите и конституирањето на Асамблејата, ќе се види дека не станува збор за парламент во вистинска смисла на зборот.”1. Тоа било така бидејќи самата Асамблеја била избирана посредно од преставниците на националните парламенти и на тој начин оваа институција располагала со многу слаб легитимитет. Асамлејата броела 78 преставници и имала пред се советодавен карактер. Меѓутоа од друга страна сигурно некој ќе го постави прашањето: како да тоа тогаш преставничкото тело да има многу послаб концепт од сега, а ЕЗЈЧ сепак содржела многу појако обединување од сега? – Одговорот оди во насока на авторитетот на Високиот раководен орган, кој што функционирал како наднационален орган. Моментот на пресврт кај оваа институција е сигурно Актот за непосредни општи избори за пратеници во Европскиот Парламент донесен реализиран 1979. “Идејата за заменување на посредниот (делегатски) со непосредниот (изборниот) на пополнување на местата во Европскиот парламент беше иницирана со потребата од легитимно зацврстување на оваа парламентарна институција и креирање на систем кој ќе биде целосно транспарентен за граѓаните.”2.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!